Пробување на мојата среќа за партнер - Дел 2 :)
Здраво на сите! По 2 месеци, решавам повторно да си ја пробам мојата среќа тука, и со надеж, да запознаам партнер за дејт, и пожелно за долгорочни планови.
Имав еден обид од тука кој ме измести многу, па решив да бидам храбар и да не се откажам.
29 годишен геј дечко, висок 183цм., тежок околу 100 килограми (работам на ова активно). Работам во креативна индустрија, културен сум и воспитан, со добра душа, луѓето ме сакаат мене, а посебно мојот хумор. Сакам лето, прошетки, кучиња, музика, парфеми, убава облека и патувања. Имам тенденција да го запознаам човекот со кој ќе можам да изградам живот, заедно.
Обожавам ладна пијачка на ова топло време, па ако некој се пронајде во ова досега, нека ми пише, да се запознаеме и излеземе. 😊