Да спасиме мало маче (мачка доилка)
Здраво. Пишувам во име на другарка која не користи редит.
Другарка ме извести дека во дворот на зградата каде што живее е исфрлено мало маче (од 1 ден до неколку денови старост) кое сè уште нема воспоставено физиолошки функции - микција (другарката кажа дека го промочала, но дека контакт со возрасна мачка би ја одржала оваа функција) и дефекација.
Пробала да го врати мачето кај мајката мачка, но сопственикот на мајката мачка повторно го исфрлил малото маче.
Моментално бараме мачка доилка. Другарката е подготвена да го донеси мачето било каде во Македонија. Откако мачето ќе е самостојно за храна подготвена е да си го земи и да го чува или да го подари доколку некој/а би сакал/а да го чува.
Доколку имате информација пишете и ќе обезбедам тел. контакт во дм.
Благодарам