u/Almond2385

▲ 4 r/mkd

Искуство во Taskforce

Ми понудија работа и ги одбив откако читав по форуми ама сега се мислам дали беше добар избор. Нудеа remote/hybrid работа за customer support со доста солидна плата, околу 45 илјади денари без бонуси (добиваш бонус со секој одтаботен празник или викенд)

reddit.com
u/Almond2385 — 14 hours ago
▲ 17 r/askmkd

Зошто има толку инцели и мизогинисти во Македонија?

Ме интересира баш ова бидејќи не ми се јасни со размислувањето. Омраза и предрасуди кон жени поради причини кои не прават смисла пр. сакале повисоки машки, сакале одмор за менструација, имале породилно, можеле со кој сакаат да спијат, ширеле нозе а не давале на тие погрдите итн.. Повеќе треба фокус на општествените и патријархалните норми да се обрне

reddit.com
u/Almond2385 — 2 days ago
▲ 6 r/askmkd

ЈСП Казна како студент

​

Во неделата навечер, на претпоследна постојка, во автобусот се качи контролер и ми пиша казна од ЈСП иако сум редовен студент на УКИМ и имав доказ за тоа (носев легитимација). Немав картичка со мене бидејќи ја имав заборавено дома по патување надвор од земјата. Моја грешка е што им дадов лична карта за идентификација, ама ете се брзав за да стигнам негде. Пробав убаво да се убедувам со контролерот дека е срамота на претпоследна постојка вака да ми прават иако имам бесплатен превоз и не бев единствена во возилото без карта. Не ме разбра бидејќи не зборуваше течно македонски. Е сега, проблемот е што мојата слободна не беше продолжена поради проблеми на факултетот и системот за плаќање, но сепак ниту еден не ми направил проблем до сега освен тој ден. Бев денеска да ја продолжам во ЈСП и ми одобрија, но ми рекоа не можат да ми ја поништат казната бидејќи била пишана пред да се продолжи слободната. Им објаснив ситуацијата и дека ако имам докази за редовен студент, дека имам право на превоз. Нејќеа да ме сослушаат, воедно и госпоѓата што работи обезбедување не ми ни дозволи да разговарам со вработените на шалтер и во бараките бидејќи не сум била соодветно облечена за нивната "институција" (ова е директен цитат). Ми се случи слично нешто пред некоја година кога се возев во ЈСП и ми пишаа казна со индексот в рака а само што бев свежо запишан и не беше почната академската година. Кинев живци и после 2 дена ја поништија казната.

Не ги разбирам фундаментално како претпријатие. Се возиме ко стоки во автобусите, па уште се изживуваат на младите, а посебно на жени. До сега имав милион причини за селење, еве ми ја 1.000.001-та.

Дали вреди да си ја пробам повторно среќата утре и да се расправам со вработените у бараки?

Да напоменам: Не беше ноќен автобус, туку 8 навечер. И имав повеќе видови идентификација на мене да докажам дека сум студент. Контролерот не зборуваше македонски, не ми даде негова идентификација, нема негово име на казната и само мене од цел автобус полн со машки ме казни. Сум прошетала пола свет и секаде сум платила за превоз, овде кај нас не вреди ни денар а не па 1000 да му платам за услуга ко во свињарник. Кога ќе научат да разговараат на македонски можеби тогаш ќе бидам повеќе "фер". Сведок сум била на ненормално малтретирање од контролери кон постари жени и тинејџерки.

reddit.com
u/Almond2385 — 7 days ago