u/BoringBand9595

▲ 17 r/mkd

Прашање, повеќе е за тие шо имаат и деца

Дали е можно во Македонија, доколку имаш свој стан или куќа да живееш пристојно со 40 000 денари? 😶.

Јас лично кога ги сметав трошоците одеа накај 60 000 денари, со тоа да речеме ако имаш кредит за нешто до 150 евра.

Значи пристоен живот, еднаш годишно одмор, дома готвење, пристојна кола, немора да е нова и.т.н.

Ваше искуство?

reddit.com
u/BoringBand9595 — 1 day ago
▲ 105 r/mkd

Фирми

Која БЕДА сме од народ, решавам да се вратам од Германија во Македонија, аплицирам по фирмиве, која БЕДА од плата човек, платите од пред 6 години и сега се скоро исти.

Во фирмата што работев пред да заминам само 2000 ден разлика од пред 6 години.

Им викам ајде да не се трескам од земја, дајте барем 5000 ден повеќе, не сакаат ни да слушнат, и после луѓето си оделе од државава, па како нема да си одат, за 6 години цената на се е порасната а платата иста скоро.

Позицијата е Одржување на машини во фабрика.

Искуство негде 10 години и плус.

Истото го работев и претходно во МК и во Германија исто, чисто за инфо на муабетот.

reddit.com
u/BoringBand9595 — 1 month ago
▲ 6 r/mkd

Студентски трошоци

Здраво,

Дали некој може да ми каже во просек колку троши односно колкави се трошоците месечно на еден студент во Скопје, Штип и другите градови.

Мислам на нешто просечен живот, стан/ интернат, храна, кафе, и.т.н.

Се надевам ке добијам барем некој одговар 😅.

reddit.com
u/BoringBand9595 — 2 months ago