▲ 39 r/mkd
Смрт на баби/дедовци
Знам дека има многу негативни теми на овој редит, но морам некаде да си ги искажам маките. Во рок од 7 месеци ми починаа двете баби и дедото. Баба ми и дедо ми од на татко ми страната во рок од 2 месеци. Бидејќи моите живеат во странство, јас живеев со баба ми и дедо ми. И во рок од два месеци останувам без двајцата. Вака лошо се немам чувствувано никад во животот. Буквално више сум како без волја за живот. Дали некој има доживеано слична судбина? И како сте се справиле со толку загуби наеднаш?
Уште полошо е што вечер сум трета смена, а спиен сум само 4 часа. Сабајлево сум буден од 8 часот. Утре ја погребуваме баба ми, а која ме израсна, и со која бев превише врзан. Буквално нејзината смрта (нај неочекувана) највеќе ме уништи.
u/Critical_Camera7823 — 4 days ago