u/DeliriumTremens1305

▲ 61 r/mkd

Сериозна ментална патологија во Македонија

Во последно време сме сведоци на постови како доста од редитори се жалат дека не можат да најдат сродна душа , партнер или пак луѓе за дружење. Тука се и тие што раскинале после навидум совршена врска.

Денеска бев шокиран кога дознав дека дечко кој учеше во средно во истата генерација со мене си го одзел животот поради раскинување долгогодишна врска. Дополнително ,бидејќи работам во здравство сведок сум и на други такви случаи (обиди за самоповредување , труење со бензодиазепини и други супстанци) кои премногу се зачестени во последниот период , да не кажам се случуваат еднаш неделно. Да не зборуваме за случките од изминативе 2 3 месеци каде што бевме сведоци на сериозни насилства , убиства и самоубиства кои ни се случуваат многу често.

Искрено нацијава ни е премногу рамнодушна , ваквите лица покрај отсуството на стручна и институционална поддршка вообичаено наоѓаат и на тотална незаинтересираност и неразбирање од околината , семејството , пријателите и сл. Кога ќе видите/забележите познаник или некој кому му е потребен разговор и совет за било која мака која му создава психички проблеми понудете некаква помош. Искрено никогаш не сум мислел дека психата е толку кревка работа што понекогаш одреден збор или разговор може да доведе до степен личност да посегне по својот живот на најсуров начин или да наоѓа начини "да се спаси од безизлезна ситуација".

Доколку на некого му е потребен било каков разговор слободно нека пише безразлика на која тема е. Верувам дека повеќето тука можат да дадат корисен совет или насока на некому кому е потребна и со тоа несвесно да променат нечиј начин на размислување и потенцијално да спасат живот!

reddit.com
u/DeliriumTremens1305 — 5 days ago