Telekom Mesh
Oi, oi
Мрежни ентузијасти што притоа сте на Телеком, дали имате конфигурирано Wi-Fi mesh (пример со Asus/Deco nodes) дома?
Се јавив во техничка поддршка да се информирам дали треба некаква промена да внесат тие првенствено, нешто да ми подесат, кога човекот ми вели, ʼа не е опција да го менувате самиот рутерʼ. Ми кажа уште непотребни информации за extenders/repeaters, што впрочем се косат со информациите на нивниот сајт, пред да ми посака пријатен ден.
На Телеком веб страницата гледам дека јасно пишува (на тема на Mesh):
‘Најчесто е потребно да се исклучи Wi-Fi-то од рутерот на Телеком, па корисникот сам се грижи за промените. ‘ Опцијава сѐ уште е достапна, валидна? Имате сетирано во скоро време?
Инаку мислев да си земам Deco или Asus за да фаќам нет и во двор без проблем.