Има живот и надвор од раѓање деца
Одлучив да пуштам некој подкаст, и ми излезе епизода од Бајкерот и Кросфитерот.
Преужас, барем по мое мислење.
Жими се, не правете подкасти веќе.
Не ми се верува дека луѓе над 30 можат толку самоуверено да зборат, а толку лимитирано да разлислуваат.
За девојчево немам слушнато ниту една песна, така да не можам да зборам за нејзината кариера. Сигурна си е талентирана во тоа што го прави. Ама муабетите што ги правеше... girl bffr.😭
Јас имам 16 години и попрво би се фокусирала на себе, на тоа да се изградам како личност, да се едуцирам, да шетам, да искусам работи и да го живеам животот.
Не ми е приоритет 1 во животот да раѓам деца, не ми е тоа центарот на универзумот.
И не ми се верува дека ЖЕНИ ПОСТАРИ ОД МЕНЕ сѐ уште размислуваат ко да е единствена цел што една жена треба да ја има.
И уште ова со "на 19 би родила" ... на 19 години пола луѓе уште не знаат ни кои, ни што сакаат во животот. Тек почнуваш да се запознаваш сам себе, да градиш карактер, ставови, идентитет.
Родителството не е "леле сакам бебе".
Тоа е огромна одговорност и бара многу повеќе од "јас многу сакам деца".
Женскава факултет не може да заврши, испитите и се тешки, ама затоа дете нема да и биде?
На 19 за бебе спремна, а за факултет не баш. Не иде тоа така :)