u/Historical-Fish-7396

▲ 4 r/mkd

Услуги за членови на семејство

Не би сакал многу да се откривам, ама работам на позиција на којашто често луѓе имаат потреба од моите услуги.

Но, има еден проблем кој што ме фрустрира особено во последно време, е кога членови на семејство (како по правило не многу блиски, но има и од поблиските) бараат услуги од мене, но со став и со тон како јас да им го должам тоа. Уште повеќе што најчесто не се услуги коишто јас директно треба да ги извршам или обезбедам, но треба да замолувам некој друг да го направи тоа.

Некако сите се однесуваат како моето време да им припаѓа и да им го должам ним.

"Ај да те прашам за ова..." "Ај да те консултирам за она..." "Ај заврши ми ја работава кај колегата..." "Ај фати ми врски за мојава работа..."

Најстрашно е што кога ќе завршам работа, ретко останувам и без "фала", ама ако не завршам, секогаш тоа наидува негодување и лутење.

Освен вент, веројатно сакам да прашам дали има некој што успешно се справил со оваа ситуација? Не сакам да прекинам секаков контакт со сите роднини за да не ме замараат по телефон, ама би сакал да се малце по пристојни и да сфатат дека кога бараат услуга од мене, обично треба јас да барам од некој друг, не си ги вадам од џеб работите завршени.

reddit.com