Како да се спремам за живот без животен партнер?
Ајде здраво.
Па еве од старт да кажам дека имам 25 години и никогаш не сум имал девојка, а се сеќавам дека уште од прво одделение сум го посакувал само тоа. Значи како што го пишувам постов сфаќам дека јас мислам на љубов веќе 18 години… Толку боли живот без љубов. Колку работи пробав да направам. За се превземав одговорност, во смисла никој не ми е крив јас сум си крив за се, почнав да се усовршувам и физички и психички. Физички почнав да вежбам да трчам да планинарам, еве утре трчам 10ка халк еко, на виз ер сакам првпат и маратон да пробам лани трчав поламаратон. Психички се надоградувам читам од се и сешто правам муабет користам хумор и ги смеам луѓето, цело време излегувам на журки на ова она ама на крај повторно не привлекувам внимание. Ме фаќа страв дека ништо нема да се смени во иднина, дека едноставно немам атрактивни особини, и дека ќе бидам од оние луѓе кои сиот свој живот ќе го поминат сами. Никогаш нема да имам свадба, никогаш нема да доживеам да ми се роди дете. Што препорачувате, каков е тој живот? Кон што да стремам во таков живот без постојано да мислам на девојка? Имам завршено факултет со одлични оцени дали едноставно да го посветам животот на наука, на уметност можеби? Не знам…