СКОПЈЕ ЗОО - зашо е во таква состојба?
Повеќе е рант отколку прашање, но што по ѓаволите се случува таму? Денес бев, и реално, оддамна не сум почувствувал поголема депресија. Последен пат бев пред неколку години и ми остави одличен впечаток, толку добар, што не ми се веруваше дека нешто функционира во МК. Денес, преубаво време, па решивме со фамилијата да ја посетиме. Тргнав оптимистично, завршив со разочарување. Животните и нивните живеалишта-гнасни, запоставени, мизерни. Избледени знаци, врати и рʼѓосани огради. Пола патеки обраснати со треви и затворени. Голем дел од најатрактивните животни-мртви или дислоцирани да не умрат. Е сега, да позбориме за “слонот во собата”(pun intended). Денес беше џган, одвај се разминувавме со луѓето и се тепавме за да дојдеме до оградата да видиме нешто од гревовите што останале. Шо е чудно тука? Епа чудно е тоа што ниеден не слушнав да збори македонски, цело косово беше дојдено денес. Да не се разбереме грешка, посета од странски државјани е секогаш добредојдена, нормално дека влијае позитивно врз економијата. Но, без многу да пишувам, за да не јадам бан, ќе оставам на вашата имагинација за тоа што сѐ се случуваше денес низ зоолошката. Дали и тоа допринесува за ситуацијата во која се наоѓа моментално, или едноставно декомпозицијата е последица од проклетијата наречена Македонија?