u/Strassnoo

▲ 16 r/mkd

Ве одвратува ли купувањето на нов автомобил поради “дерењето” на официјалните сервисери?

Сервисирање на автомобил во овластен сервис чини околу 3х отколку тоа да го правите кај локален сервис.

Порадии таа гаранција, увозниците и сервисерите буквално уценуваат и наплаќаат не реално високи цени за мал и голем сервис. Цени како 3000 денари за филтер за воздух, 2500 за кабински филтер и 2000 за филтер за масло се станати нормални и кај автомобилите од ниска и средно/ниска класа.

Еден мал сервис, со квалитетно масло и филтри и работна рака би чинел макс 6000 денари, а во официјален сервис од 15000 до 200000.

Ако еден автомобил има гаранција од 7 години, тогаш само при мал и голем сервис, сервисерот ке ви украде најмалце 2000 евра.

reddit.com
u/Strassnoo — 1 day ago
▲ 12 r/mkd

2 Години владеење на ВМРО. Какви се вашите впечатоци?

Низ историјата на Македонија, секогаш сум имал впечаток дека наредната влада е полоша од претходната.

Мислев дека овој пат можеби ќе биде по различно, бидеќи тешко е да се надмине неспособноста на СДС, но сепак мислам дека е мртва трка.

Позитивно би забележал дека се работи на автопатот Охрид Кичево, плус го направија патот кај Пресека и сега не мора да ги кршиме колите на релација Охрид Кичево. И тука некаде ке запрам со впечативлите позитивни работи.

Кризата со гориво ја менаџираа одлично да сега да видиме дека им избега од контрола.

Воведоа нови даноци за интернет порачки и го направија тему монопол кој сега е значително поскап.

Ја задолжија државата уште повеќе.

Исто како и старото ВМРО, имаат скоро целосна контрола на медиуми што не е добро во никој случај.

Не направија ништо во однос на цената на недвижностите, иако имаа големи најави со државни згради и поволности за млади. Сизот иако гради станови и ги дава на аукција, тие се продаваат по пазарна цена, во некои случаи и повисока. Сеуште квадратот е во нагорна линија.

Инфлацијата делумно ја забавија првата година, да сега гледаме повторно бран поскапувања.

Мојот заклучок е дека имаа добар старт и дека се изгубиа некаде по пат. Разочарувачки во секој случај.

reddit.com
u/Strassnoo — 2 days ago
▲ 16 r/mkd

Заштита на потрошувачите во Македонија

На 27ми Мај пријавив дефек во Ананас, на 3ти Јуни дојде сервисер и константира дефект, направи записник, и дури на 14ти Јули Ананас ми прати адресница за да ја земат машината за перење и да ја поправат.

Јас пријавив во ДПИ и барав нова машина или поврат на средства бидејќи се поминати повеќе од 30 дена, но еве како инспекторката го толкува законот:

"Ќе Ве молам да го прочитате членот 113 од Законот за заштита на потрошувачите во целост и да го разберете и толкувате објективно. Потрошувачот може да бара замена на потрошувачката стока во случја кога потршувачката стока е веќе поправана три пати...ставот 4 од истиот член се однесува на рок од 30 дена за замена, но кога условите од ставот 2 се исполнети."

Според ова, трговецот може со месеци или години да ја одовлекува постапката, па дури на третото поправање да следува нов уред...

Како слика ги прикачив двата става од законот, став два и став четири, каде став 4 јасно кажува нов уред по исек на 30 дена од направеното барање и не пишува некаде дека условите од став 2 треба да бидат исполнети.

Би ценел совет од правник, бидеќи според ова испаѓа секој може да си го толкува законот како сака.

u/Strassnoo — 10 days ago