Рант за мојот прекрасен ден 🥰
Ако сте имале лош ден, само прочитајте го ова.
Епа, денес имав дејт... мојот ПРВ дејт!!!
Три дена претходно се стресирав за сѐ живо.
Што ќе облечам, како ќе реагирам, дали ќе има тишина, дали ќе испадне нешто чудно...за буквално најмали ситници.
И така...дојде денот.
Прво нешто што го приметив беше тоа што типот беше пренизок. Не дека јас сум нешто висока, буквално сум 163 cm, а тој дали 165 беше 🙃
Ајде, реков нема врска, кога седнавме на кафе веќе го заборавив тоа.
Само што, цел дејт само јас зборев. 24/7.
Он во меѓувреме запали едно 5 цигари и збореше такви глупости што не можам да поверувам. Ми кажуваше како сакал да одиме по гробишта, колку сакал бајачки, како жената требало него да го рани и уште еден куп морничави и чудни работи.
И кога дојде сметката... ЈАС ПЛАТИВ. Мислам он ди плати неговото, јас своето. И келнерот сето ова го виде и ми направи таква фаца од типот "Девојче што бараш со овој?"
И така излеговме, и човеков ме однесе на едно местенце каде што немаше живо пиле. Седнавме на клупа, и почна постојано да ме чепка, да ми се навалува. Јас најнормално си зборувам нешто, и одеднаш човеков насилно ми се бапнува во лице за да ме бакне. Веднаш се тргнав и му реков дека премногу ми е рано за такво нешто. Во истиот момент ја тргна раката од мене, се оттурна на другиот крај на клупата, запали цигара и почна да ме игнорира. Јас се обидував на направам муабет, но ништо. На крај го прашав: "Ми се лутиш затоа што едноставно не сакам да брзам? Другарките ми имаат кажувано да не оравам такви работи на прв дејт." А он ми враќа "А ти немаш свое јас?" Му реков дека не е до другарките, туку едноставно прерано ми е. И он ми вика "Па ако имаме конекција, зошто да не?" И од нигде-никаде почна да ми раскажува фамилијарни трауми, како татко му не бил присутен дома и слично... Во меѓувреме ми ѕвони другарка да ме праша каде сум и да одам накај автобуска. И како што зборам со неа на телефон... чивеков ме крена во раце. Да, буквално ме крена. Јас му велам "Спушти ме, те молам, спушти ме"
Другарките преку телефон веќе се вадат од памет, не знаат што се случува.
И кога тамам требаше да ме спушти, И ДВАЈЦАТА ПАДНАВМЕ. Значи, избришете ме од планетава. Имам 48кила, ваљда не сум до толку тешка. Си реков, ајде доста е, ќе си одам. Ама не, од нигде-никаде типов почна да ми ја гриза раката. И потоа ми ја стави неговата рака на мојата и ми велеше јас да го гризам него. Мене ми стана ПРЕНЕПРИЈАТНО што само му ја оттурнав раката и се насмеав онака чудно од типот "WTF was that?" И така мислев не може полошо... На самиот крај почна да ми поставува и крајно непријатни прашања за секс. Од типот кои ми се омилени позиции и слични работи. Останав без зборови. Прв дејт, едвај се познаваме, а човеков си дозволува такви прашања. Му реков " Ајде чао, стварно треба да си идам" А он ми вика дека прво треба јас него да го испратам.... Офф, и ајде, од култура, го испратив до некаде. И на крај ми вели "Гушни ме најсилно што можеш" Јас онака најобично го гушнав... А човеков ме зграпчи со сета сила. И така, си заминав, значи НЕНОРМАЛНОСТ! Прв и последен дејт во мојот живот.