Letna Havana rant
Летна Хавана вчера стварно ми беше најмизерното искуство досега. Чекаш пола саат само за редот да не мрдне, а во меѓувреме некои randoms што мислат дека се битни се буткаат и влегуваат веднаш. Го приметив обезбедувањето кое само чекаше некој со врски да му мавне за да го пушти, а во меѓувреме на пет минути можеби ќе пуштеа по 3-4 луѓе, ако имаат среќа. На крај толкава гужва почна да има што ми се слоши плус и од жештината и поради тоа моравме да си идеме. Жал ми е, пошто идам можеби еднаш во годината во дискотека и ова испаѓа дека е ноќниот живот во Скопје. Пс. ова беше накај 12 ипол часот.