▲ 17 r/mkd

бела ноќ

почитувани reddit сограѓани,

како и каде шетавте синоќа, поточно за бела ноќ?

скопје синоќа за чудо живееше, оддамна го немам видено градот толку преполнет и раздвижен и искрено многу ми беше мило што конечно се осети малку и таа заборавена убавина

јас си поминав доста убаво, многу луѓе, случајни запознавања, шетање, интересни муабети и она чувство дека можеби сепак живееме во град, а не во огромна автобуска станица каде сите само брзаат некаде

се надевам дека и вие си поминавте убаво, а и уште повеќе се надевам дека ќе го гледаме скопје овака почесто, а не еднаш годишно

reddit.com
u/According-Patient382 — 11 days ago
▲ 19 r/mkd

имаат ли права обичните луѓе?

Почитувани Reddit сограѓани, ви посакувам добро утро.

Пиејќи го денешното кафе и размислувајќи со мојата натпросечна интелигенција дојдов до едно болно сознание. Денес е 30 јули, четврток. За два дена впрочем е 2 Август или ти Илинден, еден од најголемите празници за нас, МАКЕДОНЦИТЕ од светата територија МАКЕДОНИЈА.

Тоа значи дека следува најјубавиот викенд за нашата нација односно продолжен викенд. Народот веќе ги пакува пешкирите, гумите за пливање и смрзнатите салами, ќе се пали за Грчка, Охрид, Дојран... ќе се цица фрапе на плажа и ќе се прави продуктивен муабет за решавање на државните прашања и проблеми на Македонија.

Ама што се случува со мене?

Јас, како чесен претставник на работничката класа и овој продолжен викенд ќе го поминам на работа, каде што ќе бидам угнетуван од повисоките слоеви, односно буржоазијата. Додека некој ќе расправа дали е подобар фрапе или freddo espresso, јас ќе се расправам со странки.

До кога ќе трае оваа неправда?

На сите што ќе спојуваат за Грција, Охрид, Дојран или каде било, искрено ви посакувам убав помин. Кога ќе го испиете првото фрапе, истурете две три капки во песок за нас обичните смртници од работничката класа, кои и на продолжен викенд ќе работат за да може вие мирно да се одморите.

Вечна слава на Илинден и нека ни е лесна смената на нас малиот број на ова многубројно општество што ќе остане дома и ќе работи.

reddit.com
u/According-Patient382 — 3 months ago
▲ 85 r/mkd

уште душата да ми ја земете и комплетни ќе сте

Седам на работа сега, читкам телефонот и ми искача па ете, да кажам информација со која почна да ми чури главата - парното поскапува. Пази сеа, пред неколку дена невреме направи хаос низ Скопје, штети насекаде, а за многумина нема никакво обештетување. Во меѓувреме, казните се множат, прекршоците се множат и најтрагичното, сметките растат.

Единственото нешто што не го следи тоа темпо е животниот стандард.

Да, минималецот скокна, ама за колку? Ќе ми завршат ли работа тие пари што ги дадоа кога дупло од тоа што ми го дадоа ме удираат по џебот.

Јас сум студент еве веќе четири години и тоа на државен факултет, запишувам и магистерски студии за некој месец значи уште една година најмалку ќе студирам и за овие четири години имам добиено само една единствена субвенција – 15.000 денари. Тоа е се што државата има вложено во мене како студент на државен факултет по општествени науки кој утре треба да работи во ова општество и држава. А пази сега, државниот факултет годишно ми излегува околу 700 евра па можеби и повеќе (значи у ранг е со приватен факултет од финансиски аспект, за акредитацијата мислам дека нема потреба ни да коментирам).

И после некој ќе праша зошто младите бегаат? Абе луѓе, па дајте да не се заебаваме. Што барам јас тука? Да ми поскапуваат сметките секој месец? Да плаќам се повеќе казни? Да ме чека здравствен систем што едвај функционира, администрација што те шета од шалтер на шалтер и држава што секогаш знае како да ти земе, ама никогаш како да ти даде?

Минималната плата можеби формално се зголемува, нема аргумент за тоа, ама реално се помалку вреди кога храната, струјата, парното и другите трошоци растат побрзо од платите.

Под оваа власт на ВМРО постојано слушам за дисциплина, казни, контроли и нови давачки. А каде е подобриот живот што беше ветуван? Каде е поддршката за младите? Каде е државата кога граѓаните претрпуваат штета од природни катастрофи? Како тоа толку се воведуваат нови санкции и прекршоци, храната во маркетите и сметките поскапуваат, а мојот прилив на пари останува ист? Како да ги покријам сите трошоци за живот?

На крај новчаникот ми е се потенок, а единствената порака што ја добивам е горивото поскапе, лебот поскапе, сметките поскапеа и убедливо најлошата - ти стигна казна. И после навистина се чудиме зошто младите си одат? Искрено, со денешново поскапување на парното чувствувам дека чашата се прелеа. Немам зборови искрено со што повеќе би ја опишал ситуацијата што ја чувствувам моментално со ова ново денешно поскапување.

reddit.com
u/According-Patient382 — 3 months ago
▲ 10 r/mkd

хроника на едно мамурно утро

GOOOOD MOOOORNING REDDIT MACEDONIA

Сабота е.

Тоа значи дека голем процент од нас, homosapiensi односно луѓето со самосвест, самоконтрола и интелегенција што синоќа сме биле излезени утрово се будиме со чувство како вчера да не сме биле излезени, туку да сме копале автопат на +40. Чудна работа е еволуцијата, луѓето стигнаа до Марс користејќи ја истата таа самосвест и интелигенција, а јас ја користам за да пијам алкохол по клубови у Бугарија.

Синоќа, како и повеќето излегувања излегов со помислата вечерва лабаво, 2-3 пијачки и дома.

Првата поминува таман. Втората уште подобро. После втората си викаш таман ме фаќа и тука се јавува најголемиот проблем во човечката историја ај сега застани. Од тој момент па натаму си само патник во сопственото тело. Не носиш одлуки, само ги следиш луѓето околу тебе.

Ај уште една и оп, глеаш 5 саат сабајле.
Тука следи најинтересниот дел или ти патот до дома, не знам како е можно, ама секогаш кога мислам дека одам по права линија… барем така мислам, утредента сфаќам дека сум правел осмици како да избегнувам мини на пат.

Доагаш дома - fast forward.

Се будиш сабајле со уста сува ко да си јадел цемент. Главата чука како некој да реновира стан внатре. Стомакот не знае дали да вари или да поднесе оставка. Телото боли од места што не си ни знаел дека постојат. И кога ќе ти дое малку душа ќе погледнеш надвор… плажа, сонце, море. Треба да уживаш, а ти се осеќаш како да си се вратил од ровови, не од одмор.

Тука се јавува познатата не пијам повеќе се додека не дое 10 саат вечер и не стигне пораката кај сте вечер и магично циклусот продолжува..

Поздрав до сите што излегле само на една пијачка, а завршиле со математички прашален број испиени чаши и се враќаат дома кога пекарите веќе ја почнуваат првата смена. Не пијте повеќе алкохол луѓенца, искористете ја интелегенцијата за нешто друго.

reddit.com
u/According-Patient382 — 3 months ago
▲ 21 r/mkd

кој го програмираше општеството?

GOOOOD EVENING REDDIT MACEDONIA

Си седам така на море, цуцам ладно фрапе, ги гледам плавите бранови и ми текна една работа…

Во кој момент сите исчезнавте?

Не се заебавам. До пред неколку години секој втор ден запознавав некого. Ново друштво, нов човек, нова приказна. Денес? Ако некој ми пише на Инстаграм, првата помисла ми е дека дужам пари.

Сите некако си имаат оформено кругови, девојки, дечковци, деца, кредити, викенди во Паралија… а јас уште барам луѓе за едно обично кафе и блеја.

И најјако ми е кога ќе ми кажат** **излези ќе запознаеш некого, каде бе? У Кам додека бирам домати? Да му пријдам на некој кај замрзнатите пици и да му речам ај се дружиме, што патем не е нешто што немам направено.

А најироничното е што еве ме овде на одмор. Буквално секој ден запознавам нови луѓе од различни држави, различни приказни, два збора, пијачка, муабет… и таман ќе си кажеш ееее, вака треба да изгледа животот кога оп, за неколку дена се враќам дома и пак истиот loop.

Работа. Дома. Истите луѓе. Истите муабети. Repeat.

Иначе, не сум 43 години со три деца и кредит за стан, имам 23.** **Како бе на 23 години успеав да се осеќам како NPC што ја има завршено главната приказна и сега само ги врти истите side quests?

Одбивам да поверувам дека највозбудливиот дел од неделата треба да ми биде кога у Кам ќе пуштат пилешки стек на акција. Изгледа сум стварно cooked.

reddit.com
u/According-Patient382 — 3 months ago
▲ 70 r/mkd

системот конечно ме скрши

GOOOOD AFTERNOON REDDIT MACEDONIA

Добредојдовте во уште една епизода од работничка класа на Балканот, каде главниот лик секое сабајле станува во 7 и се надева дека денес конечно ќе се случи нешто... ама ај да не ве држам у неизвесност уште од старт, секако дека не се случува.

На маките на работничката класа и обичните смртници им нема крај, седам на работа, ги слушам искусните паметни постари за тоа како животот порано бил подобар, бројам минути до крај на смена и се прашувам во кој момент згрешив и се погубив за животот да ми стане работа, кафе и чекање плата?

Имам чувство дека сите колективно функционираме како да сме вработени во фабрика за преживување.

Стануваш во 7, на работа во 8, до 4 глумиш продуктивен член на општеството. Во меѓувреме цепаш три кафиња со пола кутија цигари, TikTok, Reels, малце ќе го читнеш мејлот ко да ќе стигне нешто битно и отиде денот.

Се враќаш дома, ручек, ќе прилегнеш 10 минути и магично е 7 навечер. После ќе се испие едно кафе каде сите ќе се договорите и сложите дека државава отиде у курац, дека се е прескапо и дека нешто мора да се смени и ајде здраво пријатно, сепак утре сабајле сите сме пак на работа у 8, мора да се спие да се заработи некој денар за да се испратни инфлацијава.

Имам 23 години, а се осеќам како да сум заглавен во некој матрикс каде секој ден е copy-paste од претходниот. Не сум несреќен, ама не сум ни среќен, само движам и функционирам по инерција како животно што го водат инстиктите а не самосвеста.

И таман ќе си кажеш ај уште малце ќе биде боље и оп - поминала уште една година.

Не знам дали е до мене, до Скопје и Македонија или до времето во кое живееме, ама имам чувство дека повеќе преживуваме отколку што живееме. Поздрав до сите останати изгубени души во ова општество и мојата омилена работничка класа.

reddit.com
u/According-Patient382 — 3 months ago
▲ 72 r/mkd

како преживувате на жештиниве?

GOOOOOD MOOORNING REDDIT MACEDONIA

Вчера се вратив од Охрид и сфатив дека Скопје не е главен град и мое родно место, туку индустриска сушара за месо и една голема фабрика што работи на висока температура.

Навечер не спијам туку полека се маринирам во сопствените течности. Во 3 сабајле не спијам, туку проверувам дали има вода до кревет и се напојувам со истата како да сум растение.

Цел ден седам под клима. Главата ме боли од неа, ама ако ја изгасам имам чувство дека белите дробови ми се собираат како суво грозје, и ај ти сеа избери? Излегуваш надвор и воздухот те удира како некој да ти пуштил фен директно у лице. Не знам дали дишам кислород или жешка супа.

На работа секој втор коментар е аман со климава, сметката за струја ќе не изгори и
во право се, подобро јас да изгорам него сметката, сепак кој се замара за работничката класа?

Не знам како функционираат луѓево. Јас веќе не живеам туку активно се ладам, осеќам чувство на среќа и радост како да сум добил на лото кога ќе упалам клима, ќе испијам кисела вода со лед и едно ладно нескафе со многу лед. Интересно во колку мали работи работничката класа наоѓа среќа и радост.

А тек е јуни.. Едвај чекам да дојде август, кога ќе можеме да пржиме јајца на хауба, а на вести ќе кажат дека температурите се малку над просекот и дека се препорачува да не излегуваме од дома од 10 до 18h, a за тие што работат надвор веројатно ќе им посакаат пријатен ден.

Нека ни е со лесно летово. Се надевам дека не сум единствениот што вака го доживува, пошо искрено веќе не знам дали ми е стварно жешко или психички сум скренал.

reddit.com
u/According-Patient382 — 4 months ago
▲ 142 r/mkd

не сум веќе обичен смртник

GOOOOD EVENING REDDIT MACEDONIA

Како сте ова неделно попладне? Се надевам си седите под клима и си го прчите дома, додека јас решив дека беше доста сиромаштија.

Фала богу земав неколку слободни денови од работа, си го средив Пежото (по ваша препорака за мајстори), сипав гориво не гледајќи ја цената дека легна плата и запалив за Охрид.

Сега си ја прчам курката на лежалка како напреден граѓанин од високото општество, додека мизерниве смртници се караат за 20 сантиметри сенка под чадор и си ги печат бубрезите на пешкир. Искрено ве разбирам… и јас бев таков пред некое време..

Работничката класа очигледно може да успее во оваа држава. Јас сум жив доказ. Од денес веќе не сум обичен смртник, туку човек што плаќа лежалка без да праша колку кошта.

Во принцип немав ништо посебно да кажам, само сакав да ви се пофалам дека после месеци работење конечно успеав да се почувствувам богат… барем додека не се вратам на работа и не почнат пак постариве да ми објаснуваат дека ништо не знам за животот.

Поздрав до сите маченици. Не се предавајте. Еден ден и вие ќе возите Пежо до Охрид како финансиска елита и ќе гледате со сожалување кон народот под чадорите што лежи на земја.

reddit.com
u/According-Patient382 — 4 months ago
▲ 9 r/mkd

добар peugeot мајстор

good morning reddit macedonia

Ми треба помош од вас како и секогаш затоа што во ова општество се чувствувам неснајдено.

Ми треба мајстор конкретно да ме спаси за да отидам во Грција и јас да видам море оваа година, доста ме цедеа на работа.

Ми треба препорака за добар мајстор за Peugeot 206 2.0 HDi во Скопје.

Треба да се смени термостатот, редовен сервис (уље, филтри), а ако може нека разгледа зошто колата има повеќе промени во расположение од психијатриски случаи.

Check Engine нема, ама чувството дека нешто ќе ме изненади секој момент не ме напушта. Живеам во неизвесност и страв дека ќе биде кобна и фатална ситуацијава со вечнаја памјат.

Дајте да го спасам Французинот за да видам и ја малце одмор, и ние работничката класа сакаме да го осетиме луксузот на богатите да се бањаме во море.

reddit.com
u/According-Patient382 — 4 months ago

nightlife thessaloniki

Hey everyone,

We’re already in Thessaloniki — 4 guys in our early 20s and we’re looking for the best places to go out tonight (Wednesday) and tomorrow (Thursday).

We’re interested in clubs and rooftop bars.

We’re not looking for gay clubs, just mainstream nightlife recommendations.

Where would you suggest we go for the best atmosphere on a Wednesday and Thursday night?

Thanks 🇬🇷

reddit.com
u/According-Patient382 — 4 months ago
▲ 59 r/mkd

зошто на постарите им смета напредувањето на младите?

Имам свежо наполнети 23 години. Почнав да работам веднаш после средно, ја немав онаа фазана од ајде малку да одморам и да видам што сакам, две-три недели по завршување на средно веќе бев вработен.

Во меѓувреме работев како обичен работник, како шеф а и сега сум во ситуација каде што практично раководам со добар дел од работите. Решавам проблеми, организирам, покривам туѓи грешки, гасам пожари и најчесто сум човекот што го бараат кога нешто ќе тргне наопаку.

Награда? Бонус? Признание? Хахаха секако дека не, ама затоа редовно добивам „имаш уште многу да учиш“. Фала, баш мислам дека на 23 години ја имам откриено тајната на животот, универзумот и решението на сите проблеми што ги мачат обичните луѓе а во најконкретен случај работничката класа.

Најинтересно е што истите луѓе што ти викаат дека ништо не знаеш, после 5 минути те бараат да видиш што им е на компјутерот, зошто не се праќа мејлот или моето омилено да им покажеш по 15ти пат како се прави PDF. Ама да, јас сум тој што има уште многу да учи.

Зошто мора да се јави сукоб на генерација да го кажам така, која е потребата од такво нешто?

Има една чудна логика што никако не можам да ја сфатам - ако јас сум се мачел 30 години без пофалба, ќе се мачиш и ти и само така ќе се научиш и секад се јавува тоа порано било подобро, сега е тапа. ДРУЖЕ, ме боли да не кажам што како било порано, нов век е, нов милениум, дигитализација, интернет, глобализација, адаптирај се не ми мрчи дека не е како порано, никогаш нема да биде како порано, од денес до утре ќе се десат мал милион работи што ќе ти го сменат начинот на живот, а не па години да поминат.

Зошто ако постарите се мачеле, мораме и ние? Не сфаќам еве веќе 4 години, зарем целта не е секоја генерација да биде подобра од претходната?

Најголемата иронија е што многу од тие што се однесуваат како да знаат се, не можат ни ден да функционираат без луѓе што се два или три пати помлади од нив.

Не разбирам каква појава е ова, дали сум само ја неарен или е ова стварно проблем на општествено ниво па и пошироко.

reddit.com
u/According-Patient382 — 4 months ago
▲ 5 r/AstrologyCharts+2 crossposts

Looking for Insights on My Natal Chart

Hi everyone,

I’m attaching my natal chart. If anyone would be willing to take a look and give me some insight into the next few months, please send me a DM.

I’m mainly interested in love, finances, career, and travel.

Thanks in advance! 🙏😊

u/According-Patient382 — 4 months ago
▲ 29 r/mkd

safe city

safe city ни го дигна менталитетот, се почитува сообраќајот, ќе не биде

u/According-Patient382 — 4 months ago
▲ 30 r/mkd

добро утро македонијо

GOOOOD MOOORNING REDDIT MACEDONIA

Недела е. Ќе повторам, недела.

Сонце пука уште од сабајле, 30+ степени, еден од тие денови кога уште у 8 саат сабајле знаеш дека е лето. Станувам пред малце, гледам надвор сонце, преубаво време, гледам прогноза и ќе биде уште потопло, овие се тие денови кога човек ќе си помисли дека ќе дреме до покасно, ќе пие кафе на тераса, ќе се организира за базен, скара или барем ќе прошета негде и тогаш ме лупа реалноста - јас се облекувам во фармерки и кошула и идам на работа.

Додека некој моментално се мисли дали да испие второ кафе или прво пиво, јас психички се спремам за фактури, сметки, мејлови и расправање со странки.

Така ти е тоа, некои го пронашле клучот за среќа, мир и уживање во животот, а јас клучот од канцеларија. Искрено почнувам да мислам дека универзумот има некој личен проблем со мене.

На некој животот му е мајка, а на некој работна смена у недела, проблеми на работничката класа...

Како и да е, уживајте во овој убав летен ден редитори.

Ако некој е во Грчка кога ќе го гледа морето, нека одвои момент тишина за работничката класа што во исто време гледа фактури и табели. Се надевам и јас ќе ги поминам сплетките да го доживеам тој луксуз, тежок е овој работнички живот

reddit.com
u/According-Patient382 — 4 months ago
▲ 41 r/mkd

студентски проблеми

Надвор е лето.

Луѓе пијат matcha во Липа, се сончаат по тераси, читаат по 3 страни од некоја книга на англиски и глумат медитерански начин на живот.

Некој е на третo кафе денес, некој објавува стори од грчка а јас мизерниот си седам над книга и учам предмети што не ме интересираат за да положам уште неколку испити и да завршам факултет по струка во која најверојатно никогаш нема да работам.

Фасцинантно е како животот успеа да ме стави во временска линија каде што меморирам 300 страни материјал за испит додека надвор луѓе дискутираат дали проблемот е во капитализмот и ги решаваат државните прашања и проблеми на Македонија.

Секој ден си викам ај уше малку уше 3-4 испити и крај, а тој крај бега побрзо од мојата желба за живот, башка што гледам сториња од луѓе што се на кафе во 11 сабајле на работен и се прашувам дали јас сум згрешил негде или тие го нашле клучот за среќен живот.

Како и да е, не барам совет, само сакав да се пожалам и да исфрлам малку негативна енергија пред да се вратам на учење работи што ќе ги заборавам уште на излез од амфитеатар.

Фала на вниманието редитери мои најмили ❤️

reddit.com
u/According-Patient382 — 4 months ago