

Прашање до Скопјани и "провинцијалците" во Скопје...
Зар ви се живее уште во тој град? Дали се каете што се преселивте таму?
Да резимирам зошто мене ми е лично ЗАМРАЗЕН Скопје и зошто, дури и да ме тепаш, не сакам да живеам таму.
- ГНАСЕН Е. Значи повалкан град во Македонија не постои!
- НЕЗДРАВ Е. Саат време шетање низ улиците ти го полни носот со црни саѓи од прашина, ѓубре и смог. И тие зелени површини што ги има не се ни многу големи, ниту многу одржувани, ниту многу пријатни. Да не беше Водно да разбие малку од малку, се прашувам како ќе изгледаше животот во Скопје.
- НЕПРАКТИЧЕН Е. Освен симнување за цигари до пиљарата во маало, секоја друга екскурзија трае минимум 45 минути. Сакаш до мол со кола? 45 минути затоа што ќе заглавиш во застој. Сакаш со автобус? 60 минути затоа што ќе заглавиш во застој. Пеш? Спремај се да акаш 2 саати низ најновата мапа на Fallout и да си нанесеш радијација.
- ДОСАДЕН Е. Ќе речеш ајде барем, има маани, но има ноќен живот, забава, социјализација... Well, не сум убеден дека има. Ниту некој друг се пофалил дека има. Впрочем повеќе можеш да се социјализираш во Охрид или Дојран летно време, него во Скопје. Ако пропуштам некој неверојатен ноќен живот во Скопје, корегирајте ме во реплики.
- СКАП Е. Ни другите градови не се нешто многу поевтини сега, но со оглед на (не)квалитетот на животот што Скопје го нуди, градот е прескап. Како да плаќаш премиум цена за искината, износена, валкана кондура.
Еве значи уште еден "хејтерски" пост од мене. Односно, ова е т.н. "непопуларно мислење", анализа кај што сум наредил неколку "cons." Затоа што "pros" не ми текнуваат.
Што има Скопје што другите градови немаат? Пред неколку години тоа беа моловите. Но сега има повеќе молови низ Македонија, а Скопјани одат на шопинг во Приштина Мол, така што и таа атракција ја изгуби Скопје. Плус, нема добри летни базени и места за капење, што други градови, некои и мали, имаат.
И тука ќе застанам оти ако почнам да размислувам за pros, ќе испадне другите градови се подобри. 😆
Значи прашањето е: Дали би се иселиле од Скопје? И дали се каете што се преселивте во Скопје?
1am looks like this in iceland
Зошто мачорот пие само флаширана вода, послужена во чаша?
Имам купено специјални керамички садови за храна и вода за него, меѓутоа не пие вода од таму, особено не ако е наполнета од чешма. Кога ќе ожедне скока на маса и ќе ја напика муцката во мојата чаша и ќе се нашлока вода.
Прва мачка во животот гледам што се однесува вака... Зошто? Имате некои идеи? Другите мачки пијат вода од водовод без проблем. Само овој сака од шише, Пелистерка, Пролом, Роса, Изворска итн.
?
Што мислите за скопската "урбана сцена" и пропратната "естетика"?
Ете на пример во тоа Котур, ја имав таа несреќа неодамна да ми се појават фотографии од некој настан таму.
Сите фаци се како во некој кринџ калап правени.
Машките обавезно носат долги чорапи со ниски, скејтерски патики, имаат рандом тетоважи на нозете, и комбинираат мустаќи со џигерица фризура. Обожаваат да се сликаат од половината надоле, фатени кратките панталонки, тетоважите на бутовите, и нозете со долгите спортски чорапи во неспортските патики.
Женските пак, се со нетипично премногу кадрави коси, слаби, фураат некој heroin chic, и пречесто имаат големи носеви и уште поголеми минѓуши. Обожаваат да се сликаат со наочари за сонце (иако се во затворена просторија ноќно време) и како држат некое полудогорено цигарче меѓу прстите и пијалак во другата рака.
Секогаш се користи блиц, вредностите на боите се blown out.
Нејасно е дали стварно се дрогираат, или само сакаат другите да мислат дека се дрогираат.
Толку многу акцент на форма, што содржината станува нејасна. (Освен ако содржината не е позерство.)
За што се залагаат тие луѓе? Зошто сите личат едни на други? Како истите 100-200 души што се што одат на истите настани. Онака гледаш тројца другари и сите се со тетоважи, мустаќи и џигерици.
Создале ли некое уметничко дело, и кое? Ако веќе нели, вложиле труд да изгледаат како ѕвезди и уметници? Зошто сите слушаат некои малку познати, кринџ музики и бендови?
Дали навистина ги слушаат тие батал бендови во приватност, или штом ќе се вратат дома ќе си пуштат Тејлор Свифт, Кејти Пери, Линкин Парк?
Постои ли длабочина или сѐ се сведува на естетика и го филмање? Каква капа носиш, каков пирс имаш, каква тетоважа, какви мустачиња имате со другарите, каква кожена суќна си thrift-нала за евтино, каква џигерица рокаш...?
Не го дисквалификувајте ова како хејтерство. Ова се валидни прашања за човековиот дух, идентитетот и смислата на постоењето.
Колку би платиле за уметничка слика?
Да речеме сликата многу ви се допаѓа, и има димензии 100х100цм, техника масло или акрил на платно.
50 евра?
100 евра?
200 евра?
500 евра?
750 евра?
1000 евра?
2000 евра?
5000 евра?
10 000 евра?
Условот е дека многу ви се допаѓа и сакате да ја имате дома. Колку сте спремни да платите?