
Ајде да ги пребројме сами казината околу училиштата - ја ажурирав мапата па сега секој може да помогни
Пред неколку дена направив мапа што ги покажува сите основни и средни училишта во Македонија со зоната од 500м околу нив (по новиот закон казино не смее да биде толку близу) и локациите на казината.
Фала ви за поддршката и за целото ангажирање каде што пријавувавте пропусти и ги средувавме заедно.
Најголемиот проблем беше комплетноста - сам не можам да ги најдам сите казина и обложувалници во целата држава, а изворите што ги имав не се секогаш ажурни.
Затоа сега го отворив за секого. Ако знаеш локал што недостасува, можеш сам да го додадеш за неколку секунди:
- додади казино, обложувалница или училиште (основно/средно) со влечење на маркер на точната локација
- додаденото од заедницата е обележано со различна боја за да се разликува од останатите податоци
- слојот „додадени од заедницата“ може да се вклучи/исклучи
- има основна модерација и ограничување за да нема спам
Не тврдам дека е точно на 100% — целата поента е заедно да се доближиме до вистинската бројка. Ако додадете локации од вашиот град и ми кажете што недостасува или што би подобриле, многу помага. Отворен сум и за критика на самиот пристап.