u/radiusmac

Честит 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ!

Честит 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ!

Честит 11 Октомври!

Ден на народното востание на македонскиот народ против фашизмот и денот на ослободување на македонскиот народ.

"По фашистичката агресија од страна на Германија и Бугарија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.

На 11 октомври 1941 година, во Прилеп, 16 партизани од Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ извршуваат вооружен напад врз бугарската полициска станица и затворот, а истовремено ги прекинале телефонските врски и електричната инсталација. Акцијата претставувала организиран почеток на народното востание во Македонија против бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна.

Целта била да се ослабне окупаторската власт и да се поттикне вооружениот отпор за ослободување на Македонија. Тоа не било конечно ослободување на Прилеп, туку почеток на пошироката народноослободителна борба што продолжува и до 1944 година.

Народноослободителната борба завршила со победа над фашистичките окупатори и ослободување на Македонија во 1944 година. На 13 ноември 1944 година било ослободено Скопје, а до крајот на ноември била ослободена речиси целата територија на Македонија. Со победата над окупаторските сили и историското заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, биле поставени темелите на современата македонска државност".

u/radiusmac — 5 days ago

Негушко, Егејска Македонија.

Не го споделувам селото, има шпиуни тука.

Мислам дека треба повеќе да се промовира македонска музика, посебно народна, безразлика колку и да ви звучела „селски“ (така се перцепира од голем дел од нашиве сограѓани, ако се присутни на ваква музика, срам ги фаќа).

Ако можат македонците во Егејска, на сите притисоци и тензии да слушаат и играат на ваква песна, можеме и ние.

u/radiusmac — 2 months ago
▲ 120 r/macedonia

Честит Илинден од Четирок, Костурско, Егејска Македонија

u/radiusmac — 2 months ago
▲ 76 r/mkd

Честит Илинден од Четирок, Костурско, Егејска Македонија

u/radiusmac — 2 months ago