Прашање до тие што се активни на социјални мрежи
Не сум на ФБ, ниту на инстаграм веќе со години и немам поим како стојат работите сега. Во сабов имам прочитано повеќе негативни постови за македонски инфлуенсери, ме интересира - има позитивни примери? Конкретно, постојат добри инфлуенсери за стил/мода со кои мислите дека вреди да се соработува? Ме интересираат особено некои за промоција на машки накит (уметнички и оригинален, не класика злато/сребро), и за женски исто, ама претпоставувам дека тоа е полесно да се најде... Сите мислења и предлози се многу добредојдени.